МИ ГИ СИМНА ЅВЕЗДИТЕ И МЕ УТЕПА СО МЕСЕЧИНАТА

Таа седеше сама во паркот осветлена само од зраците на полната месечина.Однадвор можеби изгледаше убаво но одвнатре беше скршена на милион мали парчиња.Парчиња кои и после толку време не успеаа да се соединат како некогаш,само се повеќе и повеќе создаваа рани во нејзината утроба.
Можеби тој сеуште живееше во нејзиното срце,можеби созите сеуште и ги полнеа очите со секоја помисла на него но таа тоа никогаш повеќе на никого не го призна.Ја прифати таа болка како дел од неа.
Стана од клупата и зачекори по патеката.Како да требаше да се сретне со некој,а немаше никој.Ветерот почна да и ја бушави долгата плава коса.Месечината ги вдоми своите зраци во нејзините зелени очи и ги направи уште поубави,посјајни но не и повесели.Во темницата се истакнуваше незината совршена става.Тишината ја прекина гласен машки глас извикувајки го нејзиното име.Таа смирено се сврти како да го очекуваше тоа.Машка личност трчаше накај неа.Кога и се приближи ја погледна со очи полни со љубов.Охх дали е можно тоа да си ти? Не си свесна колку време се обидувам да те најдам.Се распрашував за тебе и ми кажаа дека секоја вечер си во овој парк.Што прави толку убава девојка во ноќта сама? Срцето почна забрзано да и чука,дланките почнаа да и се потат но успеа вешто да го сокрие тоа.Топло му се насмевна и избегнувајки ги сите прашања само му рече-Мило ми е што те гледам.Од каде ти тука? Тој како едвај да го чекаше ова прашање.-Се преселив тука заради школувањето.Сега конечно ќе живееме во ист град и далечината нема да ни биде пречка.Ќе можам кога ќе посакам да бидам во твоја близина,силно да те гушнам и да те бакнам.Конечно ќе бидеме среќни заедно.Таа рамодушно го погледна и му рече-Тоа нема да биде возможно.Потоа го продолжи својот пат по патеката.Тој збунето ја погледна и тргна по неа.Здогледа машка фигура во темната ноќ.Истата таа машка фигура по неколку секунди ги спои усните со девојката.
Тој не им веруваше на своите очи,како светот да почна да се руши врз него.Силно почна да вика.Тогаш девојката се сврте накај него и му рече-Извини но неможев да престанам да живеам,неможев секоја ноќ да заспивам и да се будам со созли во очите заради тебе.Неможев да го направам тоа знајки дека ти таму си среќен со некоја друга на која што и ги кажуваш оние исти работи што ми ги кажуваше на мене,на секоја пред мене,на секоја после мене.Од денот кога се запознавме до овој момент сум премногу променета и за тоа можам да ти се заблагодарам.Ме научи да ја препознаам вистинската љубов.Сега сум среќна со него.Можеби не ми симнува ѕвезди како тебе,можеби не е роматичен како тебе но барем секогаш можам да бидам сигурна дека ме сака единствено мене,дека нема да ме замени со некоја евтина девојка како што ти го направи тоа многу пати.Ти посакувам многу среќа и никогаш да не го почувствуваш тоа што јас со години го чувствував заради тебе.

МИ ГИ СИМНА ЅВЕЗДИТЕ И МЕ УТЕПА СО МЕСЕЧИНАТА.

large (2)