Добар избор или лоша судбина?

Љубов,извини што ќе те вознемирам во овие доцни часови на ноќта,извини што ќе те потсетам на минатото…на нашето минато.Ова е последното нешто што ќе го добиеш од мене,ветувам.Не можев да заминам без збогување со тебе,единствен мој.Не можев а да не ти ја кажам вистината во која ти сите овие години не сакаше да веруваш а јас немав сила како сега отворено да ти ја раскажам.

Од денот кога те запознав па се до овој час кога ти го пишувам ова ти за мене остана незаменлив.Ниту едно друго машко не успеа да ми го украде срцето онака како што ти го направи тоа.Како да имаше фрлено магија врз мене,никого да не гледам онака како што те гледав тебе.Во ниту еден момент ти за мене не беше ниту совршен,ниту најдобар,ниту пак најубав.Но јас тебе те сакав онаков каков што беше,со сите мани и несовршености.Те сакав кога ми водеше инат до бесконечност,а знаеше дека јас сум во право,те сакав кога ме правеше љубоморна,секогаш кога имаше прилика за тоа,те сакав кога толку невино ми кажуваше колку ме сакаш и колку ти значам.Те сакав љубов моја и тогаш кога цел свет беше против нас,и тогаш кога сите ми викаа откажи се,не вреди,заслужуваш ти многу подобар.Пред другите никогаш не покажав слабост,ни тогаш кога навидум се беше готово меѓу нас,ни тогаш кога ти глумеше среќен со друга.Но,ноќите ме убиваа животу мој.Понекогаш се прашувам дали ти во целиот свој живот имаш пролеано онолку солзи колку што пролеав јас само за тебе.Се прашувам што ќе беше ако не ти дозволев да влезеш во мојот живот,ако те откачев онака како што ги откачував сите што се обидуваа да ми се приближат.Време е да се помирам со реалноста,ти беше и остана дел од мојот живот,дел од мојата младост,дел од мене.

Свесен си дека никогаш нема да можам да те заборавам,се надевам дека ни ти нема да ме заборавиш мене.Жалам што започнувам нов живот,онаков каков што сонував да имам со тебе.Но,што можев да сторам,непреболен мој? Ти избра да одиш по друг пат тогаш кога бевме најсреќни заедно.Паднав во депресија,не го разликував денот од ноќта,седев сама и изолирана од светот.Денот кога решив повторно да станам на нозе,направив нешто што сепак не би го нарекла грешка.Запознав дечко достоен за мене.Болката во мене не ми дозволи да размислувам па му се предадов со сета душа и тело.Му дозволив да ме врати во живот,да ми го промени светот како што ти го направи тоа пред многу години… Да не должам,пред неколку месеци се омажив за него.Вечерва си заминувам од овој град што чува наши спомени во секој негов дел.Кога ја добив пораката од тебе дека се каеш,дека ме молиш да ти простам,дека тоа беше последната твоја грешка,дека сакаш да се омажам за тебе…беше прекасно.Веќе во себе имав нов живот.Наскоро ќе станам мајка,се надевам онлку добра колку што ме замислуваше секогаш кога мечтаевме за нашата иднина.Знам дека знаеш колку многу посакував девојче,но судбината реши да ми подари момче.Момче што ќе го носи твоето име.

 

large (3)

Само на еден срцето му го даде

Септември.Топла есенска ноќ.Таа седи сама на клупата во паркот.Замислено гледа во полната месечина и небото преполно со ѕвезди.Сет нивни сјај одблеснува во нејзините зелени очи и ги прави уште поубави,посветли но не и посреќни.Еден спомен се претвара во солза и се спушта по нејзиниот образ.Сакајќи да биде силна како и секогаш и да не им потклекне на емоциите станува од клупата небаре така ќе ги стопира сеќавањата на него.Зачекорува по патеката.Ветерот почнува нежно да дува како да сака да и ја разбушави плавата коса наместо него. Го вади од ташната својот телефон и го погледнува часот…часот кога пред точно две години тој влезе во нејзиниот живот,но повеќе не можеше да биде сигурна дали и го разубави или и го уништи.

Иако на себеси си вети дека нема повеќе да гледа во минатото вечерва реши тоа да го направи за последен пат.Овој пат навистина последен ! Се присети на невиното девојче од пред две години,на срцето што тогаш не знаеше за болка а вечерва беше скршено на милион парчиња.Парчиња кои и ја сечеа утробата.Се сеќаваше како тој од ден на ден се повеќе и го окупираше срцето додека целосно не стана негово…тогаш за прв пат го згази.Таа патеше.Тој се смени.Се врати.Повторно и го освои срцето за повторно да го скрши.И така се повторно и повторно.Секогаш кога ќе се почувствуваше негова тој преку ноќ се менуваше,почнуваше да ја прави љубоморна,наоѓаше утеха во друга девојка…како да се плашеше да ја сака.Таа секогаш одеше против својот разум,го слушаше заљубеното срце и му простуваше,му се враќаше.Но вечерва беше решена да стави крај на се.

На крајот од патеката стоеше момчето кое што ја чекаше овие две години.Момчето кое што ни за момент не се откажа од неа.Момчето кое што ја гледаше колку е заљубена и среќна или колку е несреќна и скршена од болка.Надежта во него дека таа некој ден ќе биде негова веќе почна да умира.Вечерва кога ја доби пораката од неа мислеше дека повторно тој ја повредил и дека повторно ќе биде само рамо за плачење.Но се излажа.Таа му се приближи понежно од кога и да било дотогаш и ги спушти своите меки полни усни врз неговите без да каже ниту еден збор.Тоа беше нешто што тој најмалку го очекуваше а најмногу го посакуваше.Таа му се препушти на моментот и си дозволи да ужива во убавиот бакнеж.Бакнежот што означуваше нов почеток во нејзиниот живот.Бакнежот што стави крај на нејзиното страдање.Го прегрна силно и тивко му шепна…само твоја.

Слика

За тебе…единствен

Знаеш,јас не те мразам.Нема потреба за тоа.Беше секаков спрема мене.Груб,добар,лош,фин,ме разочарауваше,ме сакаше.Секаков,но сепак најмил и најдобар.Некогаш се покажуваш како најлоша личност,но тоа е само за да не видат каков си навистина.Дека си слаб,дека се плашиш.Јас таков те сакав.Најдобар и најлош.Ме разочара многу пати,а ме насмеа многу пати повеќе.Јас тебе никогаш нема да можам да те мразам.Сега сум само ладна спрема тебе.Се правам дека ми е сеедно.Не сакам веќе да ти дадам со знаење дека и понатаму ми значиш.Веќе не.Сакам да продолжам понатаму.Иако секогаш сакам да ти се вратам тебе,но не смеам повеќе.Не можам.Премногу пати исти работи се случија меѓу нас.Само сакам да знаеш дека не те мразам,то не би го можела,никогаш.За мене секогаш ќе бидеш посебна личност со која имам лоши но и многу убави спомени.Јас со тебе завршив и сега остана уште тоа конечно да го прифатам.Некое време не сакам да зборам со тебе,да мислам на тебе.Не сакам повеќе да ми недостасуваш.Некогаш,кога ќе дојде време,повторно ќе почнеме од почеток.Тогаш нема да те гледам како сега,нема да го чувствувам ова што сега го чувствувам.Тогаш ќе бидеме само странци со спомени,ништо повеќе.Слика