Добар избор или лоша судбина?

Љубов,извини што ќе те вознемирам во овие доцни часови на ноќта,извини што ќе те потсетам на минатото…на нашето минато.Ова е последното нешто што ќе го добиеш од мене,ветувам.Не можев да заминам без збогување со тебе,единствен мој.Не можев а да не ти ја кажам вистината во која ти сите овие години не сакаше да веруваш а јас немав сила како сега отворено да ти ја раскажам.

Од денот кога те запознав па се до овој час кога ти го пишувам ова ти за мене остана незаменлив.Ниту едно друго машко не успеа да ми го украде срцето онака како што ти го направи тоа.Како да имаше фрлено магија врз мене,никого да не гледам онака како што те гледав тебе.Во ниту еден момент ти за мене не беше ниту совршен,ниту најдобар,ниту пак најубав.Но јас тебе те сакав онаков каков што беше,со сите мани и несовршености.Те сакав кога ми водеше инат до бесконечност,а знаеше дека јас сум во право,те сакав кога ме правеше љубоморна,секогаш кога имаше прилика за тоа,те сакав кога толку невино ми кажуваше колку ме сакаш и колку ти значам.Те сакав љубов моја и тогаш кога цел свет беше против нас,и тогаш кога сите ми викаа откажи се,не вреди,заслужуваш ти многу подобар.Пред другите никогаш не покажав слабост,ни тогаш кога навидум се беше готово меѓу нас,ни тогаш кога ти глумеше среќен со друга.Но,ноќите ме убиваа животу мој.Понекогаш се прашувам дали ти во целиот свој живот имаш пролеано онолку солзи колку што пролеав јас само за тебе.Се прашувам што ќе беше ако не ти дозволев да влезеш во мојот живот,ако те откачев онака како што ги откачував сите што се обидуваа да ми се приближат.Време е да се помирам со реалноста,ти беше и остана дел од мојот живот,дел од мојата младост,дел од мене.

Свесен си дека никогаш нема да можам да те заборавам,се надевам дека ни ти нема да ме заборавиш мене.Жалам што започнувам нов живот,онаков каков што сонував да имам со тебе.Но,што можев да сторам,непреболен мој? Ти избра да одиш по друг пат тогаш кога бевме најсреќни заедно.Паднав во депресија,не го разликував денот од ноќта,седев сама и изолирана од светот.Денот кога решив повторно да станам на нозе,направив нешто што сепак не би го нарекла грешка.Запознав дечко достоен за мене.Болката во мене не ми дозволи да размислувам па му се предадов со сета душа и тело.Му дозволив да ме врати во живот,да ми го промени светот како што ти го направи тоа пред многу години… Да не должам,пред неколку месеци се омажив за него.Вечерва си заминувам од овој град што чува наши спомени во секој негов дел.Кога ја добив пораката од тебе дека се каеш,дека ме молиш да ти простам,дека тоа беше последната твоја грешка,дека сакаш да се омажам за тебе…беше прекасно.Веќе во себе имав нов живот.Наскоро ќе станам мајка,се надевам онлку добра колку што ме замислуваше секогаш кога мечтаевме за нашата иднина.Знам дека знаеш колку многу посакував девојче,но судбината реши да ми подари момче.Момче што ќе го носи твоето име.

 

large (3)

Leave a comment