Само на еден срцето му го даде

Септември.Топла есенска ноќ.Таа седи сама на клупата во паркот.Замислено гледа во полната месечина и небото преполно со ѕвезди.Сет нивни сјај одблеснува во нејзините зелени очи и ги прави уште поубави,посветли но не и посреќни.Еден спомен се претвара во солза и се спушта по нејзиниот образ.Сакајќи да биде силна како и секогаш и да не им потклекне на емоциите станува од клупата небаре така ќе ги стопира сеќавањата на него.Зачекорува по патеката.Ветерот почнува нежно да дува како да сака да и ја разбушави плавата коса наместо него. Го вади од ташната својот телефон и го погледнува часот…часот кога пред точно две години тој влезе во нејзиниот живот,но повеќе не можеше да биде сигурна дали и го разубави или и го уништи.

Иако на себеси си вети дека нема повеќе да гледа во минатото вечерва реши тоа да го направи за последен пат.Овој пат навистина последен ! Се присети на невиното девојче од пред две години,на срцето што тогаш не знаеше за болка а вечерва беше скршено на милион парчиња.Парчиња кои и ја сечеа утробата.Се сеќаваше како тој од ден на ден се повеќе и го окупираше срцето додека целосно не стана негово…тогаш за прв пат го згази.Таа патеше.Тој се смени.Се врати.Повторно и го освои срцето за повторно да го скрши.И така се повторно и повторно.Секогаш кога ќе се почувствуваше негова тој преку ноќ се менуваше,почнуваше да ја прави љубоморна,наоѓаше утеха во друга девојка…како да се плашеше да ја сака.Таа секогаш одеше против својот разум,го слушаше заљубеното срце и му простуваше,му се враќаше.Но вечерва беше решена да стави крај на се.

На крајот од патеката стоеше момчето кое што ја чекаше овие две години.Момчето кое што ни за момент не се откажа од неа.Момчето кое што ја гледаше колку е заљубена и среќна или колку е несреќна и скршена од болка.Надежта во него дека таа некој ден ќе биде негова веќе почна да умира.Вечерва кога ја доби пораката од неа мислеше дека повторно тој ја повредил и дека повторно ќе биде само рамо за плачење.Но се излажа.Таа му се приближи понежно од кога и да било дотогаш и ги спушти своите меки полни усни врз неговите без да каже ниту еден збор.Тоа беше нешто што тој најмалку го очекуваше а најмногу го посакуваше.Таа му се препушти на моментот и си дозволи да ужива во убавиот бакнеж.Бакнежот што означуваше нов почеток во нејзиниот живот.Бакнежот што стави крај на нејзиното страдање.Го прегрна силно и тивко му шепна…само твоја.

Слика

Leave a comment